Македонски Телеком е еден од најголемите поддржувачи на спортот и културата во Македонија, а не помалку важна улога има и во поддржувањето проекти од голема важност за развој на граѓанските вредности во општеството. Преку своите различни и повеќенасочни активности како спонзор, компанијата цели кон јакнење на општествениот ентузијазaм во заедницата, на тој начин постојано надоградувајќи ја својата позиција на одговорен општествен чинител.


Партнер во спортот

Македонски Телеком има традиција на поддржување на спортот и спортската култура во земјата преку постојано спонзорирање на спортски клубовии спортски настани во целата држава. Фокусот на компанијата во последните години е ставен на најперспективниот спорт во Македонија, ракометот. Продолжува соработката со двократниот европски шампион, ракометен клуб „Вардар“, а поддршката на овој спорт доби и национални димензии со генералното спонзорство на Ракометната федерација на Македонија. Македонски Телеком стои и зад пинг-понг федерацијата.


Јакнење на културата

Како телекомуникациска компанија, Македонски Телеком има обврска да обезбеди што повеќе и што подобар пристап до музиката, а со тоа и до културата, воопшто. Евидентен е влогот на компанијата и во културата преку поддржување на капитални проекти од оваа област кои се од национално значење. Меѓу позначајните е традиционалнното партнерство со најголемиот уметнички фестивал во земјата, домаќин на најголемите светски уметници „Охридското лето“. Актуелна е и соработката со Меѓународниот театарски фестивал „МТФ Скупи фестивал“ како и манифестацијата „Звуците на чаршијата“, кои се само дел од останатите културни проекти, кои се реализираат со поддршка на Македонски Телеком.

Компанијата има изградено бројни релации со партнери кои ја имаат музиката во својот фокус, независно за која публика таа е наменета, па оттука повеќе години ја поддржуваме најважната џез манифестација во национални рамки „Скопје џез фестивал“. Телеком со гордост ја промовираше во земјата интернационалната платформа за електронска музика на Дојче Телеком – Telekom Electronic Beats, носејќи диџеи и музичари од самиот светски врв.


Стратешки за е- општество

Една од најзначајните стратешки задачи на Македонски Телеком е да го поттикнува, развива и поддржува електронското општество во Македонија, развивајќи можности за полесно секојдневие на граѓаните преку практична употреба на придобивките од дигиталните технологии. Во оваа насока, компанијата ги поддржува сите вредни форми кои имаат свој придонес во постигнувањето на целта-креирање паметно општество и е долгогодишен спонзор на неколку конференции од ваков карактер како All Web и ETAI, а дека стои и зад вредните форми на е-комуникација, компанијата потврдува со својата поддршка на популарната манифестација „Твитер награди“.


Активно за здрава животна средина

Грижата за животната средина е еден од најважните фокуси на Македонски Телеком, на коишто компанијата е целосно посветена. Освен што реализира бројни еко-акции со голема вклученост на вработените под иницијативата #TelekomGoesGreen, Телеком поддржува иновации, иницијативи и решенија чија цел е заштита на животната средина и подобрување на еко-системите во земјата. Во оваа смисла, компанијата е редовно вклучена и ги поддржува активностите за е-мобилност, а поддржа и иновативно решение за прочистување на воздухот.

Десктоп верзија