MOBIPAY БИЛЕТ

Користете го вашиот мобилен и како автобуски билет

MobiPay билет е одличен начин да извршите безготовинско плаќање на вашиот билет во автобусите на ЈСП – Скопје, преку мобилен телефон директно од:

  • постпејд телефонска сметка

Плаќањето е брзо и лесно. Сė што треба да направите е да свртите на бројот 185 на вашиот телефон и да го доближите до валидаторот. При успешно плаќање ќе добиете звучна и светлосна сигнализација од валидаторот, а како потврда за вашата уплата – и SMS порака, која треба да ја чувате до крајот на возењето.

Цената на дневниот автобуски билет за едно возење изнесува 40 денари, а цената на вечерниот билет е 50 денари. За користење на услугата, не се наплаќа ниту провизија по трансакција, ниту месечен надомест.

Телеком е првиот мобилен оператор во Македонија, кој ја понуди услугата MobiPay билет директно преку месечната постпејд телефонска или припејд MobiPay билет сметка, овозможувајќи им на тој начин на сите свои корисници да плаќаат директно од својот мобилен телефон во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие. Услугата важи за сите постпејд и припејд корисници на Телеком и е достапна за кој било тип мобилен уред.

Активирање во постпејд


Доколку сè уште ја немате активирано оваа Телеком услуга, тоа можете да го направите:

  • Со повик кон бесплатниот број: 14 11 14
  • Со праќање бесплатна SMS порака со текст: START на 14 11 14
  • Со повик кон Визуелниот автомат *180#
  • Со повик кон Контакт центарот: 122
  • Во најблиската Телеком продавница.

Месечниот лимит изнесува 1.000 ден.

Деактивирање


  • Со праќање бесплатна SMS порака со текст: STOP на 14 11 14
  • Со повик кон Контакт центар: 122
  • Во најблиската Телеком продавница.
Десктоп верзија