Фондацијата „Телеком за Македонија“ основана да помогне во општеството е пионер во корпоративната одговорност и меѓу првите фондации основани од бизнис ентитет.

Со два главни фокуса – од една страна децата од ранливи категории, а од друга страна развој на информатичкото општество и еднаква вклученост на сите во него, компанијата се стреми да овозможи поквалитетен живот во општеството во кое делува.

Броеви за донации

Броевите за донации се отвораат со цел да се помогне за лeкување или оперативни третмани на лица кои немаат доволно материјални средства.

Потребни документи за отворање број за донации

  • Барање - правно лице
  • Барање - физичко лице
  • Лична карта од подносителот, ако е малолетно лице од родителот кој поднесува барање во негово име
  • Извод од матична книга на родени
  • Трансакциска сметка на која ќе се префрли собраната сума
  • Профактура со потребната сума за лекувањето или операцијата
  • Лекарска документација (наод,мислење, дијагноза)

Целосната документација се доставува во архивата на Телеком, на Кеј 13 ноември број 6, 1000 Скопје

Контакт:
Адреса: „Кеј 13 Ноември“ бр.6, 1000 Скопје
Е-адреса: FoundationTelekomforMacedonia@telekom.mk

Десктоп верзија