Брзини на мобилен интернет

Брзини на 4G технологија (LTE)

Максимална брзина којашто може да ja постигне LTE уред од категорија 6 е:

  • во DOWNLINK (при преземање податоци) - 250 Mbps;
  • во UPLINK (при праќање податоци) - 50 Mbps.

Условите од кои зависи брзината на пренос се:

  • Оддалеченост од базната станица;
  • Број на корисници / оптовареност на базната станица;
  • Можностите на 4G уредот.  Доколку уредот не е од категорија 6, максималната downlink брзина што може да се достигне е 150 Mbps.

Во реални услови, при преземање податоци (за downlink), овие брзини се движат од 50 Mbps до 70 Mbps, што претставува 10 -15 пати повеќе од брзините што ги обезбедува 3G мрежата во слични услови.

Брзини на 3G технологија (HSPA)

Максимална брзина којашто може да се постигне со HSPA (3G) технологијата е:

  • во DOWNLINK насока (при преземање податоци) – 42 Mbit/s;
  • во UPLINK насока (при праќање податоци) – 5,76 Mbit/s.

Условите од кои зависи брзината на пренос се:

Oддалеченoст од базната станица;

  • Бројот на корисници кои во моментот ја користат базната станица;
  • Можностите на 3G уредот.

Земајќи ги предвид сите овие фактори, реално можат да се очекуваат брзини од 1 Mbit/s до 4 Mbit/s, што е за околу 10 пати побрз интернет во споредба со GPRS/EDGE.

Брзини на 2G технологија (GPRS и EDGE) 

Максимална брзина којашто може да се постигне со GPRS технологијата е:

  • во DOWNLINK насока (при преземање податоци) – 48 Kbit/s;
  • во UPLINK насока (при праќање податоци) – 24 Kbit/s.

Максимална брзина којашто може да се постигне со EDGE технологијата е:

  • во DOWNLINK насока (при преземање податоци) – 236,8 Kbit/s;
  • во UPLINK насока (при праќање податоци) – 118,4 Kbit/s.

Условите од кои зависи брзината на пренос се:

  • Мрежна покриеност со GPRS, EDGE технологија. GPRS технологијата е овозможена секаде каде што има и GSM сигнал, додека EDGE технологијата е овозможена на поограничена територија. Информација за покриеноста може да се најде на мапата на следниовлинк.
  • Можностите на мобилниот уред (телефон или картичка - USB-PCMCIA), дали тој поддржува GPRS и EDGE технологија;
  • Класа на мобилниот уред за GPRS и EDGE посебно. На пример, класа 10 за GPRS, значи дека уредот поддржува максимална брзина од 48 Kbit/s во downlink, а класа 10 за EDGE, значи дека уредот поддржува максималната брзина од 236.8 Kbit/s во downlink;
  • Услови во радио мрежата - јачина на приемниот сигнал.
Десктоп верзија